Македонски (Macedonian)

Оваа страница дава преглед на Викторијанската независна широка антикорупциска комисија (IBAC), вклучувајќи ја нејзината цел, функција и овластувања.

Дознајте што можете да пријавите до Викторијанската независна широка антикорупциска комисија (IBAC), како да поднесете жалба и што ќе се случи следно.

Користете го нашиот формулар за да пријавите корупција во јавниот сектор или злоупотреба на службената положба од страна на полицијата до IBAC. Жалбата треба да го детализира наводното однесување, вклучително и кој бил вклучен, што се случило, каде и кога, и може да вклучува документација за поддршка на наводите.

 

Текст од видео записот

  • Кога ќе се случи корупција во јавниот
    сектор тоа ни штети на сите нам.

    Корупцијата ги троши нашите даноци.

    кои треба да се користат за функционирање
    и одржување на

    викториските училишта, болници,
    патишта и други значајни јавни служби и проекти.

    Викториската заедница очекува јавниот сектор,
    државната владата,

    вработените во локалната општина
    и полициските службеници

    да се однесуваат соодветно и да ги користат
    јавните пари и имот одговорно

    за доброто на сите нас.

    Очекуваме од нив да бидат чесни,

    да не бидат под влијание на лични интереси, алчност

    или да се вклучуваат во криминално однесување.

    Ние очекуваме нашиот јавен сектор
    да биде слободен од корупција.

    IBAC е викториската независна
    анти-корупциска агенција.

    IBAC се справува со сериозна корупција и злоупотреба

    во државните владини оддели и агенции,

    викториската полиција,
    општинските вработени лица и советници,

    членови на парламентот, судии и мировни судии.

    Кога нешто не е во ред во викторискиот јавен сектор,

    IBAC им дава на сите можност
    да сторат нешто околу тоа.

    Корупција и злоупотреба во викторискиот
    јавен сектор може да се појави во многу форми,

    како на пример земање и нудење на поткуп,

    нечесно користење на влијателна позиција,

    вршење на измама или кражба,

    злоупотреба на информации од работното место

    или планирање на било какви корупциски активности.

    Во склоп на викториската полиција,

    сериозна злоупотреба и корупција
    исто така може да вклучува

    злоупотреба на полициска моќ,

    како на пример напад или прекумерна
    употреба на сила,

    оддржување на несоодветни врски

    или откривање на полициски информации
    на организирани криминални групи.

    Меѓутоа, IBAC неможе да истражува
    пријави од други држави и територии,

    било какви сојузни прашања или било
    што во приватниот сектор

    освен ако тоа се однесува на вработен
    во викторискиот јавен сектор;

    и IBAC не покрива неучтиво однесување
    или лоша корисничка услуга.

    Дали сте виделе нешто?

    Дали се сомневате на корупција?

    Тогаш сторете нешто во врска со тоа.

    Дознајте како можете да пријавите корупција

    посетувајќи ја нашата интернет страница
    или јавувајќи се на 1300 735 135.

    Кога ќе стапите во контакт со IBAC,

    ние ќе ја процениме информацијата
    која ја овозможивте за корупција

    за да одлучиме дали ќе го пренасочиме,
    отфрлиме или ќе го истражуваме случајот.

    IBAC е одговорна за откривање,
    спречување или истражување

    на сериозни корупции и злоупотреби во
    јавниот сектор и викториската полиција,

    но зависи од сите да проговорат кога нешто не е во ред.

    Со ваша помош,

    ќе продолжиме да го зајакнуваме интегритетот
    и отпорот против корупција на јавниот сектор

    и да се осигураме дека државните пари и приходи

    се користат за да се овозможат услуги и проекти
    кои ги очекува викториската заедница.

    За повеќе информации посетете ја
    www.ibac.vic.gov.au

    Или јавете се на 1300 735 135.

  • Заедницата очекува од полицијата да ги изведува своите должности законски,

    професионалнo и етички.

    Ако се сомневате дека некои полициски службеници

    ги злоупотребуваат своите овластувања или се вклучени во корупција,

    тоа можете да го пријавите на IBAC,

    независна агенција во Викторија за надзор на полицијата.

    Исто така, можете да поднесете пријава до Police Contact Unit,

    единица за начинот на однесување

    на полициски службеници на Victoria Police која ќе го пријави тоа на IBAC.

    Злоупотребата на овластувањата на полициски службеници

    е незаконско однесување или незадоволување

    на стандардите кои се очекуваат од вработените во Victoria Police.

    Сериозна злоупотреба на овластувањата и корупција

    може да се однесува на физички напади

    откривање на чувствителни полициски информации,

    прикривањa на сериозни кривични дела,

    давање мито, измама или незаконска дискриминација.

    Жалби можат да се поднесат во врска со полициски службеници,

    полициски службеници за обезбедување,

    затворски полициски службеници или вработени лица во јавниот сектор.

    Можете да поднесете жалба или информативен извештај на веб страницата на IBAC.

    Пред да го направите тоа, добро би било да сте подготвени.

    Прво проверете дали IBAC

    е агенцијата до која треба да се жалите или да ја информирате.

    IBAC не испитува работи како што се неучтивост,

    бавно добивање на одговор или несоодветни униформи.

    Ние исто така не испитуваме резултати од сообраќајни инциденти или судски одлуки.

    За овие работи можете директно да се обратите до Victoria Police.

    Потоа, обидете се да ги имате подготвени сите податоци.

    Податоци, на пример што се случило кога каде

    и кој бил вклучен во инцидентот, како и видеозаписи, фотографии

    или други документи за инцидентот.

    Ќе потврдиме дека сме ја добиле вашата жалба со имејл

    на кој можете да одговорите со понатамошни информации.

    Предност им даваме на случаи на сериозна и систематска злоупотреба на овластувањата

    или корупција од страна на полицијата.

    IBAC отфрлува жалби

    ако нема доволно информации за да се започне со истрага

    или ако станува збор за работи кои IBAC

    или Victoria Police не можат да ги испитуваат.

    Предност им даваме на случаи на сериозна и систематска злоупотреба на овластувањата

    или корупција од страна на полицијата.

    Проценувањето на вашата жалба може да трае неколку недели.

    Ќе комуницираме со вас за да ве известиме за одлуката на IBAC.

    Понекогаш, луѓето се двоумат дали да поднесат жалба

    бидејќи се плашат од последиците

    како што се малтретирање или отпуштање од работа.

    IBAC ja проверува секоја жалба за да одлучи

    дали таа се однесува на откривање на информации во јавен интерес.

    Ако вашата жалба се однесува на откривање на информации во јавен интерес,

    нема да се открие вашиот идентитет

    и незаконски е да бидете малтретирани или прогонувани

    вие или вашите пријатели, семејство или колеги.

    Ако не сакате да поднесете жалба, можете да поднесете информативен извештај,

    што значи вашите информации ќе се внесат во нашите досиеја за разузнавање

    и може да ни помогнат при нашите истраги и иницијативи за спречување на корупција.

    Жалби и информативни извештаи може да се поднесат анонимно,

    но тоа значи дека не ќе можеме да ве контактираме

    ако ни се потребни повеќе информации и не ќе можеме да ве известиме за исходот.

    Запамтете да ги вклучите сите соодветни поединости.

    IBAC постапува со вашите лични податоци внимателно и законски.

    Пријавувањето на злоупотреба на овластувањата

    и корупција од страна на полицијата,

    помага да се осигура разрешување

    на работите кои се загрижувачки за законско,

    професионално и етичко однесување на полицијата.

    Важно е IBAC да слушне за овие проблеми дури и ако не ги испитуваме,

    за да ја информираме нашата служба за разузнавање и истражување.

    Значи, можете да направите нешто ако се сомневате дека се работи за корупција

    или злоупотреба на овластувања.

    Контактирајте ја агенцијата IBAC.

    Можете да користите бесплатни услуги за преведување, усмени или писмени

    кои ќе ви помогнат да разговарате со IBAC на јазикот кој го претпочитувате.

    Жалби и информативни извештаи можат да се поднесат на било кој јазик.

    За повеќе информации посетете ја веб-страницата на IBAC